речник контакт

Кој и зошто ја полеа вратата од судот со бензин?

Револт од судска пресуда или душевно болна е жената која се обиде да ја запали вратата

Петар Печков

Марија П. ( 46 год) од Башино село претпладнево во 8,30 часот ја полеала влезната врата од Основниот суд  во Велес со бензин и сакала да ја запали.  Но откако била откриена на   безбедносните камери, судската  полиција ја спречила и повикала полиција. СВР Велес го потврди случајот  и од таму изјавија дека жената е  приведена во полициска станица  на  распит. Таа се обидела да го стори истото и во средата, но била спречена од судкста полиција.

Дали овој чин го сторила поради незадоволство од  некои стари случувања поврзани со неа или пак  е во  прашање  душевна болест. Марија П.  изминатите три години кривично  одговара во неколку процеси кои се во Основниот суд во Велес. Потпали трафостаница на ЕВН – ЕСМ, спречи нивни работени да ја  исклучат до струјата поради неплаќање сметки, се обиде да ја сече бандерата каде бил вработениот  работник на ЕВН.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »